Јувентус уште еднаш ја покажа својата класа, гранитната одбрана и ефикасниот напад. Монако изгледаше немоќно на својот терен и во реваншот ќе му биде потребно чудо за да избори финале.
Италијанскиот шампион тргна офанзивно уште од самиот почеток, ја прифати фајтерската битка на Монако, делуваше поорганизирано и поквалитетно од противникот.
Таквата игра резултираше со погодок во 29. минута, по асистенција од Дани Алвеш, Игуаин постигна гол за водство на Јувентус од 1-0.
По 15. минути игра, убава акција на Јувентус, и овој пат во главна улога Алвеш и Игуаин, Аргентинецот постигнува уште еден погодок за победа на „старата дама“ од 2-0.
Резултат кој го носи Јувентус многу блиску до финалето во Кардиф, но ќе треба максимално да се одработи и реваншот во Торино.