77
Барселона се уште се обидува да најде адекватна замена за Нејмар кој замина во ПСЖ за 222 милиони евра.
Тешко одат преговорите со Ливерпул за Кутињо, па Барселона пробала да го добие Дибала од Јувентус, но и од таму одговорот бил негативен.
Според „Кориере дело Спорт“, Барселона понудила 160 милиони евра од кои 115 веднаш, а 45 милиони во бонуси.
Јувентус плати 40 милиони евра за да го донесе Дибала од Палермо, па имал шанса да заработи четири пати повеќе ако го продаде на Барса, но тој останува еден од клучните фудбалери на Алегри.
Дибала ја доби легендарната десетка и постигна четири гола во првите две кола во Серија А.