569
Челси имал сериозни амбиции да го доведе Кенан Јилдиз, но наиде на цврст отпор во Торино.
„Калчомеркато“ пишува дека лондонскиот клуб понудил 70 милиони евра за турскиот репрезентативец, кој е еден од најдобрите фудбалери на Јувентус. Сепак, Старата дама ја одбила понудата и со тоа јасно ставила до знаење дека смета на него на подолг рок.
Италијанскиот гигант планира наскоро да го награди Јилдиз со нов договор до 2030 година, кој ќе вклучува и значително повисока плата.
Откога беше промовиран во првиот тим, младиот офанзивец брзо се наметна и стана еден од клучните играчи на Јувентус.