Бешикташ е едно од
најпријатните изненадувања во групите од Лигата на шампионите оваа сезона,
тимот од Истанбул обезбеди место во нокаут фазата на едно коло до крајот во
групната фаза, а за ривали од конкуренцијата ги имаше Порто, Лајпциг и Монако.
Речиси половина од
деветте погодоци на турскиот гигант ги постигна Ченк Тосун, а неговите блескави
изданија не останаа незабележителни во поголемите екипи од Европа.
Италијанскиот првак и
европски вицепрвак Јувентус наводно подготвил 15 милиони евра за трансфер на турскиот
офанзивец во јануарскиот преоден рок. Тимот од Истанбул има добра позиција во
преговорите за својот фудбалер со кој има важечки договор до 2019. година.
Она што се шпекулира, е
тоа што Бешикташ наводно бара најмалку пет милиони евра повеќе за да го
ослободи 26 годишниот фудбалер.
Тосун е стандарден
репрезентативец на Турција, за Бешикташ игра веќе трета сезона, на 91 настап
има постигнато 38 погодоци, или статистички, речиси на секој втор меч
постигнува гол.
Одличниот Турчин има
четири погодоци во петте кола од Лигата на шампионите, а воедно е најзаслужниот
во тимот од Истанбул за големиот успех и раниот пласман во осминафиналето во
елитното европско клупско натпреварување.