181
Математиката на Јувентус не успеа, интересот за Киеза не е толку голем колку што мислеше клубот од торино, па мора да ја спушти цената.
Федерико Киеза не е во плановите на Тијаго Мота по лошата сезона откако се врати од повредата. Тренерот и официјално кажа дека нема да смета на фудбалерот.
Во меѓувреме Киеза бараше нов клуб, но никој не сакаше да плати толку колку што бара Јувентус, 30 милиони евра.
Информациите од Италија велат дека сега Јувентус дава попуст за Киеза, го продава за само 15 милиони евра.
Италијанскиот фудбалер досега се поврзуваше со Интер, Наполи, Рома, Тотнем и Челси.