Јувентус на минус десет, воиграна акција од прекин и волеј на Мацители за изненадување на Каљари (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Каљари со 1-0 го совлада Јувентус и приреди изненадување во 21. коло во Серија А, Лука Мацители со волеј по една воиграна акција од прекин донесе три бода за домаќините.

Јувентус има 10 бода заостанување зад лидерот Интер, момците на Лучано Спалети вечерва неочекувано загубија со 1-0 на гостувањето кај Каљари.

Клучниот момент на мечот се случи во 65. минута, по една воиграна акција од прекин, Мацители закачи волеј и го совлада Перин.

„Старата дама“ притисна силно во продолжението од мечот, најблиску до гол беше во 84. минута кога ударот на Јилдиз заврши во пречката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×