Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус е на добар пат да договори две засилувања, десниот бек Алберто Коста од Виторија Гимараеш и напаѓачот Рандал Коло Муани од ПСЖ.
Засилувања за дефанзивата и нападот се приоритет на Тијаго Мота и Јувентус овој месец и „старта дама“ е на добар пат да ангажира двајца фудбалери.
Голем број на извори пренесуваат дека паднал договор за трансфер на Алберто Коста од Виторија Гимараеш во зделка вредна околу 15 милиони евра.
„Бјанконерите“ со десниот бек си подале рака за петгодишна соработка и се очекува во скоро време да биде комплетиран трансферот.
Јувентус исто така со забрзано темпо работи и на ангажман на Рандал Коло Муани од ПСЖ.
Спортскиот директор Кристијано Џунтоли веќе постигнал согласност со напаѓачот, и сега треба да ја најде правата формула со „светците“.
„Старата дама“ сака да го донесе Французинот на позајмица до крајот на сезоната со опција за перманентен трансфер, додека пак ПСЖ преферира обврска играчот во целост да биде купен за 40-50 милиони евра.