Јувентус му се закани на фудбалерот за кого бара 35 милиони евра, ќе го испрати во резервниот тим

by bojan
1 минути читање
Суле

Медиумите од Италија пренесуваат за војна помеѓу Јувентус и Матиас Суле, „старата дама“ му се заканала на играчот дека ќе го прати во резервниот тим, кој настапува во трета лига.

Јувентус не смета на перспективниот Матиас Суле и сака да го продаде ова лето со цел да прибере финасиски средства за ангажман на посакуваните засилувања.

Последните информации велат за војна помеѓу двете страни поради несогласувања околу следната дестинација.

Се шпекулира дека Матиас Суле ја известил „старата дама“ дека сака трансфер само во Рома.

Последната понуда на „волчицата“ е 28 милиони евра сосе бонуси, додека пак „бјанконерите“ бараат околу 35 милиони евра за продажба.

Директорите на Јувентус сметаат дека можат да ја добијат оваа сума од клубови од Премиерлигата, па му порачале на Аргентинецот да се пресели на „островото“.

Во спротивно ќе биде испратен во резервниот тим (НекстГен), кој настапува во трета лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани