Како што пренесува ТокСпорт, Јувентус на Манчестер јунајтед му понудил спектакуларна трапа, односно Душан Влаховиќ во замена за Џошуа Зиркзе.
Душан Влаховиќ во моментов е најплатениот фудбалер во Серија А, подолго време Јувентус се обидува да го обврзе Србинот со нов договор со помала плата, но преговорите тапкаат во место и често се пишува за трансфер на напаѓачот.
Како што попладнево пренесува ТокСпорт, „старата дама“ на Манчестер јунајтед му понудила спектакуларна трампа.
Јувентус е подготвен да го испрати Душан Влаховиќ на Олд Трафорд, а во замена да го добие Џошуа Зиркзе, кој е по мерак на тренерот Тијаго Мота.
Останува да се види колку има вистина во сето ова, и колку е реална една ваква зделка, со оглед на тоа што Манчестер јунајтед за услугите на Џошуа Зиркзе плати нешто над 40 милиони евра, додека пак Душан Влаховиќ е проценет на 70-80 милиони евра.