Јувентус конечно ѝ се врати на победата во Серија А, откако по две ремија вечерва со 2:1 го совлада Каљари благодарение на одличниот Кенан Јилдиз.
Каљари прв стигна до предност, Еспосито во 26. минута ја погоди мрежата на Ди Грегорио за 1:0. Но радоста на домаќините траеше кратко, веќе по една минута Јилдиз израмни со прецизен удар.
Јувентус потоа се соочи со проблеми бидејќи, Душан Влаховиќ заработи повреда и мораше да биде заменет, а на терен влезе Џонатан Дејвид.
Клучниот момент на натпреварот се случи во судиското продолжение од првото полувреме. По одлична асистенција од Калулу, Јилдиз си отвори простор и со мјсторски удар во десниот долен агол донесе комплетен пресврт и водство од 2:1.
Во второто полувреме „старата дама“ не форсираше премногу, имаше неколку изгледни шанси, но најважно за тимот на Спалети беше што ја задржа предноста.