Јувентус може да го продаде еден од најважните и да доведе засилување од Реал Мадрид

by Стефан
1 минути читање

Според последните најав Јувентус е подготвен во летниот период да се раздели со еден од најважните фудбалери во одбраната и да тргне по негова замена.

Италијанските медиуми пишуваат дека, „старата дама“ сериозно размислува за продажба на бразилскиот репрезентативец Бремер, кој во последниот период често се соочува со проблеми со повреди.

Иако долго време важеше за недопирлив во составот, во клубот сега се подготвени да го продадат доколку пристигне понуда од најмалку 60 милиони евра од тим надвор од Серија А.

Таквиот развој на настаните би бил уште пореален доколку Јувентус не успее да избори пласман во Лигата на шампионите.

Во меѓувреме, клубот е блиску до договор со германскиот дефанзивец Антонио Рудигер, на кого му истекува договорот со Реал Мадрид на крајот од сезоната, што дополнително ги засили шпекулациите дека Бремер би можел да замине.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×