Еден од неколкуте
барања на Зинедин Зидан за да се врати на клупата на Реал Мадрид се однесувало
на Марсело, а шпекулациите велат дека францускиот стратег им ставил јасно
дознаење на челниците на шпанскиот гигант дека бразилскиот бек не смее по
никоја цена да биде продаден на лето.
Марсело го загуби
првотимскиот статус во Реал Мадрид, а на левата бековска позиција под кормилото
на Солари играше младиот Серхио Регилон, а сето тоа доведе до силни шпекулации
дека Марсело на лето ќе се пресели во Јувентус и ќе му се приклучи на својот
добар пријател и поранешен соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.
Бразилска „А Бола“ пренесе дека Зидан лично побарал Марсело да остане во клубот, а сосема извесно
е дека Бразилецот повторно ќе се врати во почетните 11 на Реал Мадрид, ако се
земе во предвид неговата претходна соработка со францускиот стратег која беше
одлична и во голема мера влијаеше во успесите на Кралевите.