Јувентус моќен, Барселона фрлена на колена во Торино (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус славеше голем триумф и направи крупен чекор кон пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите откако со убедливи 3-0 на свој терен ја совлада Барселона.

Дека на Барселона не и се пишува добро најави Дибала уште во седмата минута кога убаво ја пласираше топката во мрежата на Тер Штеген за водство од 1-0.

Само 15 минути подоцна уште поубав гол на Дибала за предност на Јувентус и од 2-0.

По десет минути игра во второто полувреме уште еднаш се тресеше мрежата на Тер Штеген, овој пат погоди Киелини со глава.

Барселона имаше неколку убави шанси за гол, но Јувентус беше значително подобар противник на овој натпревар и заслужено слави голем триумф.

Каталонците во реваншот ќе треба да бркаат уште едно чудо, против ПСЖ им успеа, но дали можат и против Јувентус, останува да видиме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани