Јувентус запиша важна победа на тешкото гостување во Болоња, откако славеше со минимални 0-1 во рамки на 15 коло од Серија А.
Првиот дел донесе израмнета игра и неколку опасни ситуации на двете страни, но мрежите мируваа. Домашните први се заканија преку Орсолини, додека голот на Дејвид беше поништен, а Ди Грегорио имаше и среќа кога ударот на Зортеа заврши во рамката од голот.
Одлучувачкиот момент се случи во 65 минута, кога по прецизен центаршут од Јилдиз, Хуан Кабал остана непокриен во шеснаесетникот и со удар со глава го совлада голманот на Болоња. Работите дополнително се искомплицираа за домашните по директниот црвен картон на Хегем, по што Јувентус рутински ја сочува предноста и стигна до целиот плен.
Со оваа победа торинскиот тим се искачи на петтата позиција со 26 бода, додека Болоња останува веднаш зад него со 25.