16 годишниот Пјетро Пелегри доби животна шанса за
докажување минатиот викенд кога доби прилика за настап против Лацио во четвртото
коло од италијанската Серија А.
Пелегри постигна два гола во поразот на Џенова од Лацио
на домашен терен, но фактот што е толку млад доволно говори за каков супер
талент станува збор.
Европските гиганти веќе се активираа за него, па освен
што има интерес од италијанскиот шампион Јувентус, Пелегри веќе е желба и на
англиските премиерлигаши Манчестер јунајтед и Челси.
Вреди да се напомене дека раководството на Џенова, дало
јасно дознаење дека понуди под 40 милиони евра нема да бидат земени во предвид
на разгледување.
Инаку Пелегри е соиграч на нашиот 34 годишен фудбалер
Горан Пандев.