275
Њукасл е во потрага по напаѓач откако се поизвесно е дека Александер Исак ќе го напушти клубот ова лето.
Њукасл беше сериозно заинтересиран за Шешко, но тој го одбра Манчестер јунајтед, па не остануваат премногу опции на пазарот.
Последните гласини велат дека Душан Влаховиќ би можел да биде новиот напаѓач на Њукасл, но цената за тоа е висока.
Јувентус во замена за Влаховиќ го сака Сандро Тонали. Бјанконерите се надеваат дека ќе успеат да го вратат фудбалерот во Италија.
Не се исклучува ниту можноста Њукасл да го купи Влаховиќ без да го даде Тонали, во тој случај ќе треба да испратат добра парична понуда за да го добијат Србинот.