Јувентус ќе мора да плати 30 милиони евра за да врати поранешен младинец

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека „старата дама“ го мерка Микаел Кајоде од Брентфорд за засилување на десната бековска позиција, ќе бидат потребни околу 30 милиони евра за негов ангажман.

Раководството на Јувентус веќе работи на тимот за следната сезона и започнување на нов проект кој ќе треба да го врати клубот на врвот.

Последните информации велат дека ново име на листата со желби е Микаел Кајоде од Брентфорд, весникот Тутоспорт пишува дека се работи за играч кој може да блеска по десната страна во „бело-црниот“ дрес во следните 10 години.

Младото момче има одлична сезона, не само што го привлече вниманието на многу клубови, сериозно тропа и на вратата на сениорската репрезентација на Италија, неодамна пофалби доби од Џиџи Буфон, кој извршува важна директорска функција кај „аѕурите“.

Јувентус се надева дека 30 милиони евра ќе бидат доволни за ангажман на Микаел Кајоде, кој одлично се снаоѓа како десен бек во формација со четворица дефанзивци, или како офанзивен бек во формација со петмина во последниот ред.

Интересно е тоа што Микаел Кајоде е поранешен младинец на „старата дама“, помина четири години во академијата на Јувентус, за патот до успехот да почне да го гради во четвртата лига во редовите на Гоцано и да го привлече вниманието на Фиорентина, од каде за 18 милиони евра премина во Брентфорд.

ФОТО: X/Brentford FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×