Јувентус ќе извиси и за Шчесни и за Донарума?

by
1 минути читање

Шчесни изминатите две години ги помина на позајмица во Рома, на почетокот од преодниот рок имаше информација дека тој ги договорил личните услови со Јувентус и треба да потпише за нив.

Јуве во Шчесни ја гледаше замената за Буфон кој ќе се пензионира по крајот на идната сезона, но преговорите со Арсенал не се одвиваа најдобро.

Јувентус не сакал да ја плати сумата од 14,7 милиони евра кои ги бара Арсенал, па во последните денови фокусот го ставил на Донарума кој одби да го продолжи договорот со Милан.

Според „Скај Италија“, таквата ситуација ја искористил Интер и веројатно ќе успее да го убеди Шчесни да потпише за нив.

Лучијано Спалети кој му беше тренер на Шчесни во Рома, неколку пати го контактирал голманот убедувајќи го да го следи во Интер.

Медиумите најавуваат и пресврт во ситуацијата со Донарума, младиот голман сепак би можел да се предомисли и да стави потпис на нов договор со Милан.

Како што сега стојат работите Јувентус нема да го добие ниту Шчесни, ниту Донарума, но клубот има цела година за да пронајде соодветна замена за легендарниот Џиџи Буфон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани