157
Според информациите од Италија, тој стадион ќе биде за 5000-6000 гледачи а на него ќе играат Б тимот на Јувентус и женскиот тим.
Јувентус е еден од малкуте клубови во Италија кои имаат сопствен стадион, тој беше отворен во 2011 година.
Весникот „Тутоспорт“ кој е близок до Јувентус, објавува дека тие планираат да градат нов стадион кој ќе се наоѓа во близина на сегашниот.
Слични проекти имаат реализирано Барселона и Манчестер Сити, имаат стадиони на кои играат Б тимот и женскиот тим.
Во моментов Б тимот на Јувентус игра на Алесандрија стадионот, а женскиот тим во Новара.