Како што пренесува Тутоспорт, Јувентус сака да ангажира нов фудбалер од средниот ред и го идентификувал Сергеј Милинковиќ Савиќ од Ал Хилал како една опција за засилување на тимот во јануари.
Директорите на „старата дама“ сметаат дека квалитетот на средниот ред не е на нивото на ривалите како Интер, Милан и Наполи, па ова ќе треба да се корегира во зимскиот преоден рок.
Тутоспорт објави дека директорот Дамиен Комоли напорно ќе работи на ангажман на нов фудбалер од средниот ред и го посочува Сергеј Милинковиќ Савиќ од Ал Хилал како една од топ целите.
Популарниот СМС со години е на радарот на Јувентус и во Торино веруваат дека Србинот ќе може да помогне да се намали јазот со ривалите од Калчото.
„Старата дама“ останува заинтересирана за Мортен Хјулманд од Спортинг, но тој повеќе е потенцијална цел во летниот преоден рок, отколку во јануари.