Јувентус ја одреди цената на Бонучи, наскоро средба на високо ниво

by
1 минути читање

Леонардо Бонучи во Милан е повеќе од обична шпекулација, „Росонерите“ сериозно работат на сензационален трансфер.

Самиот агент на дефанзивецот вчера потврди дека преговара за продажба на репрезентативецоат на „Аѕурите“.

Медиумите од Италија пишуваат дека денеска ќе има нова средба помеѓу директорите на Милан и Алесандро Лучи, човекот кој се грижи за кариерата на Леонардо Бонучи.

„Росонерите“ во скоро време ќе имаат и средба со Јувентус, првите луѓе на двата клуба, Фасоне и Мората ќе седнат на маса.

„Старата Дама“ нема намера да задржи играч кој не сака да остане, па доколку Леонардо Бонучи им соопшти дека сака трансфер, ќе му дозволат да замине за најмалку 45 милиони евра.

Вчера се говореше дека Милан е подготвен да ги понуди Ромањоли, Де Шиљо и значителна сума на пари, но денеска се говори дека во пакетот е само Ди Шиљо и првичната понудата изнесува 30 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани