Јувентус испиша негативна историја, прв клуб кој загуби меч во Серија А со 78% посед на топка (ФОТО)

by bojan
1 минути читање

„Старата дама“ синоќа остана со празни раце на гостувањето на Сардинија и покрај тоа што доминираше на натпреварот, според Опта, Јувентус станал првиот клуб кој загубил меч во Серија А со 78% посед на топка.

Каљари вчера приреди големо изненадување, го совлада Јувентус со 1-0 и освои три големи бода.

Херој на домаќините беше Мацители, кој по една воиграна акција од прекин, закачи волеј од врвот на шеснаесетникот и ја затресе мрежата на средината од второто полувреме. Воедно, ова беше првиот и единствениот удар на Каљари во рамките на голот.

„Старата дама“ доминираше на мечот, упати 20 удари, изведе и 18 корнери но и тоа не беше доволно.

Како што пренесува Опта, Јувентус испишал негатива историја и станал првиот клуб кој загубил меч во Серија А со најмалку 78% посед на топка. Никој друг нема ваква статистика откако се собираат податоци од сезоната 2004/05.

По крајот на натпреварот, тренерот Лучано Спалети рече: „Се случуваат вакви работи. Мора да им симнеме капа на противниците, кои однесоа победа што можеби и не ја заслужија, но ја намирисаа шансата и ја искористија. Можеби ќе извлечеме поука од ова, па следниот пат и ние ќе направиме нешто слично“.

ФОТО: X/JuventusFC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×