Јувентус има повеќе алтернативи за засилување на средниот ред

by
1 минути читање

„Калчомеркато“
пишува за плановите на Јувентус кој во повеќе правци преговара за засилување во
средниот ред.

Во прв план е
францускиот интернационалец од редовите на Севилја, Стефан Н
Зонзи, 28 годишниот фудбалер кој е на мета
на повеќе европски гиганти.

Џузепе Марота,
генералниот менаџер на тимот од Торино, за најавите за трансфер на Французинот
во редовите на Јувентус прокоментира дека тоа би било одлична придобивка за
неговиот тим. Сепак, не е тајна дека шпанскиот прволигаш ќе бара големо
обештетување за својот одличен фудбалер чиј договор има важност до 2020. година.

Сепак, Јувентус
очигледно нема да мирува во летниов трансфер период, па така на листата на
желби истовремено се наоѓа и фудбалерот на Ливерпул, 23 годишниот Емре Чан. Германецот
со турско потекло сеуште нема потпишано договор за продолжување на соработката
со англискиот премиерлигаш, неговиот актуелен договор истекува идното лето.

Како останати
алтернативи за засилување на средниот ред се споменуваат Блејс Матуиди од ПСЖ
кој наводно има желба да го напушти францускиот вицепрвак, односно Немања
Матиќ, за кого се поизвесно е дека нема да има место во англискиот шампион
Челзи за идната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани