Јувентус има нова мета за засилување во средниот ред, навивачите нема да бидат среќни

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Јувентус е во потрага по засилување во средниот ред, а новото име кое се споменува нема да ги израдува навивачите.

Наводно, генералниот менаџер, Дамиен Комоли и неговите соработници ја разгледуваат можноста во своите редови да го вратат Французинот, Адриен Рабио.

Рабио во последните денови беше во центарот на вниманието откако влезе во физичка пресметка со соиграчот од Марсеј, Џоната Роу, па поради тоа и двајцата  се отстранети од екипата и ставени на рансфер листа.

Наводно, Рабио го следат неколку италијансски екипи, меѓутоа Јувентус се истакнувак ако фаворит. Во Јувентус Французинот настапуваше под водство на Алегри и прикажуваше просечни настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×