Јувентус и Наполи извисија, Трипие се сели во Мадрид

by
1 минути читање

Кјеран Трипие
веќе отпатувал за Шпанија, за да го комплетира неговиот трансфер од Тотнем во
Атлетико Мадрид, трансфер кој според очекувањата треба да изнесува околу 20
милиони фунти.

„Телеграф“ пишува
дека Спарси му дале зелено светло на 28 годишниот англиски репрезентативец да
преговара со Атлетико Мадрид во пресрет на редовните медицински прегледи, па
така тој дури не е на програмата за турнејата на Тотнем во Азија.

Тотнем во текот
на утрешниот ден треба да замине на претсезонски подготовки во Сингапур, а
Трипие според пишувањата на „Телеграф“ не е планиран да се најде на летот, па
очекувањата се дека тој е мошне близу потпис со Атлетико Мадрид.

Јувентус и Наполи
исто така беа сериозно заинтересирани за потписот на еден од најдобрите бекови
во Премиерлигата, меѓутоа изминатиов период Атлетико Мадрид беше клубот кој
реагираше на вистински начин, а „Јорганџиите“ во Трипие гледаат наследник на
Хуанфран, а пред Англичанецот, имаа интерес и за услугите на Ектор Бељерин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×