Јувентус? Гвардиола сака уште четири години да биде тренер на Сити

by
1 минути читање

„Дејли Мејл“ тврди дека Пеп Гвардиола им кажал на своите пријатели дека сака да остане во Манчестер Сити уште четири години.

Шпанскиот стратег во изминатите денови се поврзува со Јувентус, некои велеа дека тој веќе имал и вербален договор со италијанскиот тим.

Според „Телеграф“, Гвардиола не само што ќе го испочитува неговиот актуелен договор кој трае до 2021 година, туку ќе потпише и нов со траење до 2023.

„Имам уште две години од мојот договор, да заминам? Невозможно. Може да си одам само ако клубот ме отпушти“, и самиот  Пеп ги демантираше гласините за трансфер во Јувентус.

Ова значи дека Гвардиола нема да биде следниот тренер на Јувентус. Алегри ќе си замине од Торино по крајот на сезоната, а најголеми шанси за негов наследник има Зинедин Зидан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×