Јувентус го „жртвува“ Бенатија за да го доведе Толисо во своите редови?

by
1 минути читање

Не е тајна дека
италијанскиот шампион и овосезонски финалист во Лигата на шампионите, тимот на
Јувентус е сериозен во намерата да се засили со 22 годишниот играч од средниот
ред на Лион, Корентин Толисо, еден од најбараните фудбалери на европскиот
трансфер пазар во моментов.

Доколку му се
верува на „Франс Фудбал“, истиот медиум пренесува дека Јувентус нема да се
штеди во намерата да се засили со Толисо ова лето, па така во понудата до Лион
ќе го вметне и дефанзивецот Мехди Бенатија.

Истиот медиум
пишува дека преговорите помеѓу Лион и Јувентус се веќе во тек, па нема да биде
чудно доколку во наредниот период дојде до договор помеѓу двата клуба, но засега
не се споменуваат цифри околу најавениот трансфер.

Тимот од Торино минатиот месец реши целосно да го откупи Бенатија од Баерн Минхен, и со 17 милиони евра го стори тоа, искористувајќи ја клаузулата од договорот помеѓу двата клуба, додека пак раководството на Јувентус истакна дека е задоволно од прикажаните изданија на Мароканецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани