Јувентус го заборави Матета, во Истанбул договори засилување за нападот

by bojan
1 минути читање

„Старата дама“ си подаде рака со Фенербахче за трансфер на Јусеф Ен Несири, напаѓачот ќе се пресели во Торино на позајмица до крајот на сезоната, со опција за перманентен трансфер.

Јувентус сака да го засили нападот овој месец и прв избор беше Жан Филип Матета од Кристал Палас.

На маса беа ставени 2,5 милиони евра за позајмица до крајот на сезоната, плус обврска напаѓачот во целост да биде купен за додатни 30,5 милиони евра, под услов да биде обезбеден настап во Лигата на шампиони.

Но Кристал Палас постави цена од 40 милиони евра и не покажа флексибилност во преговорите, па „старата дама се насочи“ на други цели.

Вечерва пристигна информација дека спортскиот директор Марко Отолини во Истанбул имал средба со своите колеги од Фенербахче и договорил ангажман на Јусеф Ен Несири.

Се работи за позајмица до крајот на сезоната вредна 5 милиони евра, плус опција за перманентен трансфер поставена на 19+3 милиони евра.

Сега се чека конечното ДА од самиот фудбалер и комплетирање на зделката.

ФОТО: X/Fenerbahçe SK

Можно е и ова да ти се допаѓа

×