228
Јувентус и Сампдорија го договорија трансферот на Шик, но чешкиот напаѓач падна на медицинските тестови. Докторите на италијанскиот шампион му открија срцева мана, па раководството на клубот се откажа од негов ангажман.
Но, Сампдорија веднаш најде друг купувач, почна преговори со Интер и според италијанските медиуми договор ќе биде постигнат.
Во текот на наредните денови се очекува да биде потврден трансферот на Шик во Интер.