Jувентус го „реши“ Лече и скокна до третата позиција (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Јувентус ја оправдаа фаворитската улога и славеа победа од 2-1 над Лече во рамките од 32. коло од Серија А.

Резултатот беше отворен од првата посериозна прилика кога Копамјнерс ја искористи асистенцијата од Влаховиќ и го матираше противничкиот голман за водство од 1-0.

Продолжи „старата дама“ со нападите и по водството, а во 33. минута во листата на стрелци се запиша и Јилдиз за 2-0.

Во вториот дел Јувентус како да се повлече и не напаѓаше како во првото полувреме, но на крајот и тоа беше доволно за три бода. Конечние 2-1 ги постави Баскирото со погодокот со глава во 87. минута.

Јувентус со овие три бода скокна до третата позиција со 59 бода, но Аталанта (58) и Болоња (57) која се на четвртата и петтата позиција утре ќе го играат меѓусебе натпреварот од ова коло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани