Јувентус го освои осмото Скудето по ред!

by
0 минути читање

По разочарувачката елиминација од Лигата на шампионите, Јувентус се утеши со заверка на титулата во Италија отако ја завери со победа над Фиореинтина.

Работите не почнаа најдобро за Јувентус, Фиорентина поведе со гол на Миленковиќ уште во шестата минута од натпреварот.

Израмнувањето дојде во 37. минута од натпреварот преку Алекс Сндро, а по осум минути игра во второто полувреме со автогол на Пицела, Јувентус направи комплетен пресврт и поведе со 2-1, што беше и конечен резултат.

Со овој триумф Јувентус и теоретски го завери осмото Скудето по ред во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×