Јувентус го користи Дибала како „мамец“ за Нејмар?

by
1 минути читање

Во Шпанија
пишуваат дека Пауло Дибала би можел да биде жртвуван како дел од преговорите, а
можеби и потенцијален договор помеѓу Јувентус и ПСЖ за ангажман на првата
ѕвезда на францускиот првак, Нејмар.

Нејмар јасно
стави дознаење дека сака да си замине од ПСЖ ова лето, Бразилецот го одложи
враќањето на клупските обврски, а со тој потег дополнително го налути
раководството на тимот од француската престолнина. Нејмар се приклучи на претсезонските подготовки на ПСЖ, меѓутоа една недела подоцна од предвиденото.

Како и да е,
никој во моментов не е подготвен да го одврзе ќесето за скапиот Бразилец кој
минатата година од Барселона во ПСЖ се пресели за цели 222 милиони евра.

Во Барселона
наводно се дискутира околу можноста Нејмар да се врати на „Камп Ноу“, постоеа
повеќе шпекулации за идеите на Каталонците, меѓутоа од таму не се подготвени за
ваква зделка, особено не во кеш, па така кројат планови да додадат одредени
фудбалери од својот тим во пакет со понудата.

„Ел Чиринкито“
пишува дека Нејмар би можел да се пресели во редовите на Јувентус и да му стане
соиграч на Кристијано Роналдо, а Старата дама за да ја реализира оваа зделка би
го жртвувала Дибала.

Сево ова доаѓа
откако „Раи Спорт“ објави дека таткото на Нејмар има договорена средба со спортскиот
директор на Јувентус, Фабио Паратичи во Торино, а „Мундо Депортиво“ го наведе
Јувентус како една од неговите потенцијални следни дестинации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×