Јувентус го договори Турам, следна цел е Копмајнерс

by bojan
1 минути читање
Кефран Турам

Јувентус и Ница си подале рака за трансфер на Кефран Турам вреден околу 20+5 милиони евра, зделката ќе се комплетира во следните денови.

„Старата дама“ договори уште едно засилување, во Торино ќе пристигне Кефран Турам.

Преговорите кои траеа со недели конечно вродија со плод, Јувентис и Ница си подале рака за трансфер вреден 20 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

Се очекува зделката да се комплетира во следните денови, а потоа Криситјано Џинтоли и неговите сонародници ќе се насочат кон Тун Копмајнерс од Аталанта, за комплетирање на нов среден ред со кој ќе се атакува на Скудетото.

Но зделката воопшто нема да биде лесна, Аталанта бара 60 милиони евра за услугите на Холанѓанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани