Италијанскиот шампион одигра меч со одлично второ полувреме кога беше решен победникот, Интер изгледаше немоќно.
Во првиот дел екипите беа израмнети иако Јувентус беше тимот кој беше поконкретен.
Резултатот беше отворен во 55. минута кога Арон Ремзи дојде до една топка и ја смести во мрежата на Хандановиќ за водство на Јуве од 1-0.
По дадениот гол Јувентус почна да игра полесно, воспостави доминација на теренот која траеше до самиот крај.
Во 67. минута Пауло Дибала постигна прекрасен гол и ги постави конечните 2-0.
Роналдо ако постигнеше гол ќе беше фудбалерот со најмногу погодоци по ред во Серија А, Португалецот во самиот финиш имаше две големи шанси, но не ги реализираше.
Јувентус со овие три бода се врати на врвот и сега има еден повеќе од Лацио и дури девет од Интер кој има и натпревар помалку.