Екипата на
Јувентус во соработка со „Адидас“ ги презентираше дресовите за идната сезона
кои претежно ќе ги користи за натпреварите на гостински терен. Жолтата боја
доминира, останува сината, но само за логоата, спонзорите и слично.
Сепак, изгледот
на дресовите остана во сенка, па така и самата презентација, она што се извлече
како тема за дискусија е фудбалерите кои го промовираа гостинскиот дрес на тимот
на Торино за следната сезона, меѓу нив се најдоа Леонардо Бонучи и Алекс
Сандро.
И двајцата се на
мета на Челси подолг период, на големо се навестуваше дека речиси се е
договорено, особено за Бразилецот за кого се шпекулираше дека дури и неговото
семејство инсистирало на преселба во Лондон, поради тоа што не се адаптирало
добро на животот во Италија.
Најновите
информации кои пристигнуваат од Италија велат дека Јувентус нема така лесно да
се откаже од своите фудбалери, посебно за Сандро, за кого има дури и можност да
добие нова понуда од италијанскиот шампион за продолжување на соработката,
односно нов договор.
Што се однесува
пак до дресовите, во прилог можете да ја проследите и гарнитурата на дресови на
Јувентус за следната сезона кои ќе бидат во преден план, оние домашните.