Јувентус ги прекина преговорите со Јилдиз, младиот Турчин побарал превисока плата

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус ги прекинал преговорите со Кенан Јилдиз за нов договор, главна пречка се барањата на младиот Турчин за плата од околу 6 милиони евра.

„Старата дама“ подолго време е во преговори со Кенан Јилдиз за нов договор, идејата на Јувентус е да го награди младиот напаѓач за одличните партии и новиот статус како еден од главните играчи во тимот.

Сепак, последните информации велат дека клубот од Торино решил да ги прекине преговорите откако истите влегле во ќор сокак.

Кенан Јилдиз сака да биде еден од најплатените во тимот и да има годишна плата од околу 6 милиони евра по сезона, сума која Јувентус во моментов не сака да ја одвои – разликата помеѓу понудата и побарувачката е околу 1 милион евра.

Сепак, се очекува во иднина двете страни повторно да седнат на маса, не се исклучува и можноста во преговорите да се замеша сопственикот Џон Еклкан, кој е голем фан на играта на младиот Турчин.

Во моментов Кенан Јилдиз има годишна плата од околу 1,7 милиони евра по сезона и договор до 2029 година.

ФОТО: X/JuventusFC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×