„Старата дама“ попладнево соопшти дека Самуел Ајлинг Џуниор и Енцо Баренечеа се селат во Астон Вила со што се комплетираше големата зделка со која Даглас Луис пристигна во Торино.
Јувентус вчера го потврди Даглас Луис како првото големо засилување за Тијаго Мота, Бразилецот пристигна од редовите на Астон Вила за сума од 50 милиони евра, која ќе биде платена на четири рати.
Но „старата дама“ всушнот ќе искешира само 28 милиони евра, откако денеска беа потврдени два трансфери во обратен правец и се комплетираше големата зделка.
Клубот од Торино на Астон Вила и го продава Самуел Ајлинг Џунир за 14 милиони евра, плус додатни 3 милиони евра во бонуси, додека пак Енцо Баренечеа е продаден за 8 милиони евра, плус додатни 3 милиони евра во бонуси.
И овие два трансфери ќе бидат платени на четири рати.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.