Јувентус е шампион на Италија, втора титула оваа сезона (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус ја слави двојната круна во Италија откако денеска со победа над Кротоне го освои и Скудетото. 

Резултатот беше отворен во 13. минута кога по една убава асистенција од Квадрадо, Манџукиќ постигна гол за 1-0. На пет минути пред крајот на првото полувреме, Дибала со прекрасен гол од слободен удар донесе водство од 2-0.

Конечните 3-0 ги постави Алекс Сандро на шест минути до крајот на натпреварот.

Јувентус направи два чекори кон освојување на тројна круна која ја има само Интер во Италија, останува уште пехарот од Лигата на шампионите кој може да го крене доколку го победи Реал Мадрид во финалето на 3. јуни.

Горан Пандев и Џенова изборија опстанок откако на свој терен го победија Торино со 2-1. Македонскиот капитен ги одигра последните 30 минути од натпреварот.

Милан со голови на Делофеу, Хонда и Лападула дојде до убедлива победа од 3-0 над Болоња и на коло пред крајот ја освои шестата позиција која води во квалификациите за Лига Европа.

Дожд од голови имаше на мечот помеѓу Сасуоли и Каљари каде домаќините победија со 6-2, Аталанта со 1-0 славеше на гостувањето кај Емполи, а Удинезе и Сампдорија одиграа нерешено 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани