Јувентус е првиот финалист во Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус ја оправда улогата на фаворит, Монако не успеа да направи чудо, италијанскиот шампион ќе се бори за големиот пехар во Кардиф.

Буфон конечно прими гол, но Јувентус славеше уште една победа откако со 2-1 го совлада Монако и во Торино.

Резултатот беше отворен во 33. минута кога по центаршут на Дани Алвеш, Манџукиќ од втора постигна гол за водство на Јувентус од 1-0.

Пред крајот на првото полувреме Дани Алвеш начека една одбиена топка и со волеј од голема далечина зголеми на 2-0.

Буфон конечно прими гол, прв во нокаут фазата од Лигата на шампионите оваа сезона, по асистенција од Мутињо, Мбапе реализираше од непосредна близина за конечни 2-1.

Јувентус во финалето најверојатно ќе игра против Реал Мадрид кој со убедливи 3-0 утре ќе го почне гостувањето кај градскиот ривал Атлетико.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани