Јувентус брзо го заборава Ен Несири, отворени преговори со Манчестер јунајтед и Ливерпул

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Газета дело Спорт, „Старата дама“ отвориле преговори со Манчестер јунајтед и Ливерпул за ангажман на Џошуа Зиркзе и Федерико Киеза.

Јувентус сака да донесе засилување за офанзивата до крајот на овој месец, но првите два обиди беа неуспешни.

Прво запнаа преговорите со Кристал Палас за Жан Филип Матета, а потоа беше постигнат дил со Фенербахче за Јусеф Ен Несири, но фудбалерот беше тој кој направи проблем и одби да се пресели во Торино без гаранции за перманентен трансфер.

Како што пренесува Газета дело Спорт, „старата дама“ сега ќе се насочи на други две имиња, отворени се преговори со Манчестер јунајтед и Ливерпул за ангажман на Џошуа Зиркзе и Федерико Киеза.

За овие две зделки притиска директорот Џорџо Кјелини, кој сака да бидат донесени фудбалери со искуство во Серија А. Тој исто така верува дека Зиркзе и Киеза можат да бидат купени по пониски цени од нивната реална пазарна вредност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×