Јувентус блиску до уште едно засилување, се подготвува и „чистка“ во Торино

by Стефан
1 минути читање

Како што стојат работите, Јувентус по Џонатан Дејвид е блиску и до второто звучно зсилување.

Преговорите се блиску до завршување и се очекува, Санчо во Торино да пристигне за сум од 25 милиони евра.

Тој се согласил да ја намали платата и еден дел и да добие еден дел од јунајтед како отштета, а така „ѓаволите“ би заштедиле да не му го исплатат во целост договоррот.

Кога е Јувентус во прашање не е познато што ќе биде и со Консеиссао за кого Порто не ја спушта цената.

Тука се и уште неколку фудбалери кои би требало да заминат: Даглас Луиз, Ругани, Мбангула, Веа…не е исклучено и Нико Гонзалес да биде продаден во случај на добра понуда.

Засега не може да се каже и во каква насока одат преговорите о Влаховиќ кој веќе одби една понуда и нема намера да се откаже од платата од 12 милиони евра која му следува во оваа година од договорот.

Се поврзуваше со Милан, меѓутоа ако сака преселба во таборот на „росонерите“ ќе мора да прифати пониска плата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×