Јувентус бара од Икарди да ги одбие сите понуди за Интер да нема опции и за малку пари да го продаде на „Старата дама“

by
2 минути читање

Аргентинецот има
откупна клаузула од 110 милиони евра, но сега е достапен за 60-70 милиони бидејќи
не е дел од плановите на Антонио Конте, а во вториот дел од минатата сезона со
месеци не играше откако ја загуби капитенската лента и влезе во конфликт со лидерите на клубот.

Се верува дека
Наполи е подготвен да ги задоволи барањата на Интер а на Мауро Икарди му нуди
плата од 10 милиони евра за да го примами на преселба на Сан Паоло.

Јувентус исто
така го мерка напаѓачот, и според медиумите од Италија, „Старата дама“ има
стратегија како да го донесе голгетерот во своите редови.

Се говори дека
„бјанконерите“ побарале од Мауро Икарди да ги одбие сите понуди и да чека. На
овој начин Интер ќе биде ставен под притисок и за малку пари ќе треба да се
раздели со Аргентинецот. Па Јувентус во август ќе тргне во офанзива и за 40
милиони евра ќе се обиде да го реализира трансферот.

Се верува дека
токму ова Фабио Паратичи и го пренел на Ванда Нара оваа недела на средбата која
се случи на Ибица помеѓу спортскиот директор на Јувентус и сопругата на Мауро
Икарди.

Во меѓувреме, се
појавија и гласини според кои самиот играч на пријатели им се доверил дека
кариерата ќе ја продолжи во Торино и порачал: „Ќе треба да станам Јувентино“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани