168
Иднината на Ракитиќ во Барселона одамна е доведена под прашалник, често се шпекулира со негово заминување од Камп Ноу, но тоа никако да се случи.
„Спорт.ес“ пишува дека во јануари Јувентус понудил 42 милиони евра за хрватскиот фудбалер, сума која била прифатлива за Барселона, но трансферот не се реализирал.
Иако и личните услови кои му ги понудил Јувентус на Ракитиќ биле одлични, Хрватот решил да остане во Барселона барем до крајот на оваа сезона и рекол не на понудата од италијанскиот шампион.
Се шпекулира дека Ракитиќ сака летото да се врати во Севиља, бидејќи тоа е голема желба на неговата фамилија.