Јуве во дилема, за кого да се искористи последното место за играч надвор од ЕУ

by
2 минути читање

Се верува дека
приоритет за Јувентус е ангажман на нов офанзивен играч, и прва цел е Даглас
Коста од Баерн Минхен.

Оваа недела се
појавија гласини дека двата клуба си подале рака за трансфер вреден 40 милиони
евра.

Но проблем
преставува тоа што Дани Алвеш го раскина договорот и сега „Старата Дама“ ќе
треба да ангажира нов десен бек.

На листата со
желби има неколку имиња, а вчера спортскиот директор на Јувентус имал средба со
агентот на Данило од Реал Мадрид.

Ова ги комплицира
работите, со оглед на тоа дека Уругваецот, Родриго Бетанкур пристигнува во
Торино ова лето, па шампионот на Италија има само уште едно место за играч
надвор од ЕУ.

Данило и Даглас
Коста се Бразилци, па само еден од нив може да пристигне во Јувентус.

„Бјанконерите“
секако имаат и други опции, за десната бековска позиција се споменуваат и Де
Шиљо, Дармијан, Бељерин и Фабињо, кој исто така е Бразилец, но предност му е тоа
што може да игра и во средниот ред.

Во случајот на Даглас Коста, негова алтернатива е Бернардески од Фиорентина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани