Јувентус со 2-0 ја совлада Парма во меч од првото коло од Серија А, Душан Влаховиќ влезе во финишот од натпреварот, но и покрај тоа се впиша во листата на стрелците.
Парма одолеваше на Јуве до 59. минута кога Давид по асистенција од Јилдиз постигна гол за водство на домаќините од 1-0.
Влаховиќ во игра влезе во 80. минута, а само четири минути подоцна Србинот даде гол за конечни 2-0. И овој погодок беше по асистенција од Јилдиз.
Минута претходно Јувентус остана со фудбалер помалку откако Камбијасо доби црвен картон.
Во вториот меч од овој термин Атланта и Пиза одиграа 1-1.
Гостите поведоа со автогол на Хеин во првото полувреме, по пет минути игра од вториот дел Скамака даде гол за бод за Аталанта.