229
Јувентус се надева дека во следните два дена ќе го комплетира трансферот на Нико Гонзалез, Фиорентина пак ги мeрка Артур и Филип Костиќ.
Се интензивираат преговорите помеѓу Јувентус и Фиорентина за трансфер на Нико Гонзалез.
Како што пренесува Скај Италија, „старата дама“ се надева дкеа во следните 48 ќе ја финализира зделката.
Се говори дека двата клуба ќе најдат компромис за трансфер вреден околу 30 милиони евра, плус додатни 4-5 милиони евра во бонуси.
Но ова не е единствената зделка за која се водат преговори помеѓу Јувентус и Фиорентина.
„Виолетовите“ опипуваат терен за ангажман на Артур и Филип Костиќ, кои не се дел од плановите на Тијаго Мота.