148
Репрезентативецот на Белгија неодамна јавно кажа дека го мрази Јувентус, но и покрај тоа денешното издание на Тутоспорт вели дека Раџа Наинголан е желба на „Старата Дама“.
Весникот кој е близик до Јувентус, пренеува дека „Бјанконерите“ го задолжиле Миралем Пјаниќ да го убеди неговиот добар пријател Раџа Наинголан за трансфер во Торино.
Рома веројатно ќе треба да жртвува една ѕвезда по крајот на сезоната, и големи се шансите тоа да биде популарниот „Нинџа“, кој се проценува на околу 40 милиони евра.
За услугите на Белгијанецот интерес пројавуваат и Интер и Челси.