Јуве ќе го копира Мурињо, славјето започнува со титула во Купот на Италија?

by
1 минути читање

Јувентус има одлична сезона во која може да ги обедини трите титули и да го
изедначи постигнувањето на Интер од 2010

Избраниците на Масимо Алегри уште вчера можеа да станат шампиони на
Италија, им требаше само бод на гостувањето кај Рома, но загубија со 3-1 и
Скудетото ќе треба да го заверат на последните два натпревари против Кротоне и
Болоња.

Па „Старата Дама“ сега ќе треба да го копира рецептот на Жозе Мурњо за
тројната круна.

Португалецот во 2010 на Интер најпрво му донесе триумф во Купот на Италија,
потоа го завери Скудетото, за на крајот да го подигне пехарот во Лигата на
Шампионите.

Јувентус во среда има прилика да стигне до трофејот од Купот на Италија
против Лацио, потоа во недела да го освои Скудетото пред своите фанови со
победа над Кротоне и да почне да се фокусира за натпреварот против Реал Мадрид
на 3. јуни во Кардиф.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани