Италијанскиот
првак доби многу од маркетингшки аспект по големото засилување во својот
состав, Кристијано Роналдо, а јасно е дека португалската ѕвезда носи голем
бенефит во клубот од Торино дури и на социјалните мрежи.
Јувентус веќе го
стигна Манчестер јунајтед по бројот на следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“,
а очекувањата се „Старата дама“ да стане третиот најпопуларен фудбалски клуб на таа мрежа,
веднаш зад Реал Мадрид и Барселона.
Работејќи напорно
на брендот, како и засилувањата како Роналдо и Де Лихт се исплатеше, па така,
ако италијанскиот првак лани во јули имаше околу 10 милиони следбеници на „Инстаграм“,
денес ја надмина бројката од 31 милион, во моментов има точно 31.1 милион следбеници, исто колку и Манчестер јунајтед, најмногу благодарение секако на Роналдо
кој има неверојатна бројка од 131 милион следбеници.
Шпанските гиганти
Реал Мадрид (76.6) и Барселона (76.1) остануваат на врвот по ова прашање, и
веројатно е дека тие нивни бројки се тешки за достигнување.