Јуве ги објави новите броеви на дресовите, дали овој број е резервиран за Икарди?

by
1 минути читање

Во објавувањето
на составот за летната турнеја, во која Бјанконерите се „чекираа“ во Азија, а
денеска треба да одлетаат за Сингапур, клубот истовремено ги објави и броевите
на дресовите на фудбалерите за идната сезона.

Изборот на новите
засилувања и официјално е потврден, Буфон ќе го носи дресот со број „77“, Де
Лихт „4“, Рабио „25“, Демирел „28“ а Ремси „8“, претходно последниот број го
носеше Маркисио.

Тоа што е
интересно е ситуацијата со Игуаин, аргентинскиот напаѓач не го зема дресот со
бројот „9“, истиот го носеше во последната сезона во редовите на Старата дама,
а го избра бројот „21“, па во Италија најдоа причина да отворат една дилема во
однос на потенцијален трансфер на Икарди во Торино.

Не е тајна дека
спортскиот директор на италијанскиот првак, Фабио Паратичи преговара за
ангажман на Икарди од Интер, веројатно е дека „деветката“ потенцијално е
резервирана за поранешниот капитен на Нероаѕурите, а можеби на крајот ќе падне
и изненадуачка одлука во Торино, тој број да го носи младиот и доста талентиран
напаѓач Моисе Кин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×